Фудбалерите на Милан ја совладаа Парма во 22. коло од италијанската Серија А со резултат 3:2 (1:1). „Росонерите“ дојдоа до триумф со два гола постигнати во судиското надополнување.
Фудбалерите на Милан славеа со 3-2 на домашен терен против Парма во премиерниот меч од денешната програма од 22. коло во италијанската Серија А. „Росонерите“ губеа со 1-2 се до 92. минута, а пресвртот стигна на неверојатен начин во судиското надополнување.