Колумбискиот напаѓач Џон Дуран, кој досега настапуваше за Астон Вила, е најновото засилување на саудискиот Ал Наср, објави клубот каде што настапуваат фудбалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Садио Мане.
Дваесет и едногодишниот напаѓач, кој ќе го носи дресот со број девет во тимот од Ријад, во Бирмингем дојде од Чикаго Фајр во јануари 2023 година за 18 милиони фунти.