Англиски Брајтон одби понуда вредна 65 милиони евра за Каору Митома, но приказната не е завршена.
Ал-Наср не се откажува и според последните информации подготвува нова, спектакуларна понуда од дури 90.000.000 фунти (околу 107.000.000 евра). Доколку Брајтон ја прифати оваа бројка, тоа ќе биде најголемиот трансфер во зимскиот преоден рок и еден од 15-те најскапи во фудбалската историја.