Бетис и Атлетик Билбао одиграа нерешено 2:2 во 22. коло од Ла Лига.
Фудбалерите на Бетис пропуштија голема можност по подолго време да врзат две победи во домашниот шампионат, откако во последниот денешен натпревар од 22 коло во Примера пред својата публика ремизираа со Атлетик Билбао, со резултат 2-2 (2-1). За „зелено-белите“ вечерва свое деби имаше засилувањето од Манчестер Јунајтед, Антони, кој истрча од првата минута, а првата радост на домашните фанови им ја донесе Иско со гол во 15. минута (1-0). Гостите не чекаа долго за да се вратат во игра и Паредес израмни на 1-1, но во самиот финиш од полувремето Бетис одново го презеде водството, а најзаслужен за тоа беше Ромен Перу.