1 (3) ■ вести > македонија > регион ■ 27-Jul 09:09 -> 27-Jul 09:35
.
.
.
.

Пожар во Националниот парк Преспа кај Пустец, жителите се надеваат на помош и од соседните земји

  • Се уште беснее пожарот во Пустец

Се уште беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“ кај Пустец, чие гаснење е прекинато синоќа и ќе продолжи денеска.

Се уште беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“ кај Пустец, чие гаснење е прекинато синоќа и ќе продолжи денеска.

4 (4) ■ вести > балкан > регион ■ 26-Jul 17:04 -> 27-Jul 09:02
.
.
.
.

Ниту синоќа, во 54-от обид, не беше конституиран косовскиот Парламент

  • Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот

Ниту доцна синоќа Собранието на Косово (во 54-от обид) не беше конституирано, бидејќи немаше доволно гласови за формирање комисија за тајно гласање за избор на претседател.

Парламентарците во Собранието на Косово не успеаја да формираат комисија за избор на претседател на Парламентот, со што заврши 53-тиот обид за конституирање на тоа тело, а продолжението на седницата на собранието е закажано за вечерва во 22:00 часот Претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) и Алијансата за иднината на Косово не предложија членови на изборната комисија за тајното гласање.

10 (29) ■ вести > свет ■ 25-Jul 07:41 -> 26-Jul 20:57
.
.
.
.

Камбоџа побара итно примирје во конфликтот со Тајланд пред Советот за безбедност на ОН

  • Тајланд и Камбоџа разменија оган во близина на спорната граница

  • Тајланд предупреди дека судирите со Камбоџа би можеле да прераснат во отворена војна

Камбоџа повика на итен и безусловен прекин на огнот во вооружениот судир со Тајланд, изјави нејзиниот постојан претставник во ОН, Кео Чеа, по синоќешната седница на Советот за безбедност во Њујорк, јави ДПА.

Утрово повторно имаше борби долж границата меѓу Тајланд и Камбоџа, каде што долгогодишните тензии ескалираа во едни од најлошите насилства во последните години, принудувајќи над 100.000 луѓе да побегнат.

Вршителот на должноста премиер на Тајланд, Пумтам Вечачаи, денеска изјави дека вооружените борби меѓу неговата земја и Камбоџа, во кои досега загинаа најмалку 16 луѓе, а стотици илјади се раселени, би можеле „да прераснат во отворена војна“, јави Би-Би-Си. Предупредувањето на Вечачаи доаѓа во момент кога вооружените борби на спорната граница влегуваат во втор ден, означувајќи драматична ескалација на спорот кој датира повеќе од еден век.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија