Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Легендарниот шпански фудбалер Серхио Рамос бил на медицински прегледи и ќе потпише договор со Рајадос де Монтереј, објави „Марка“.
Рамос ќе им се приклучи на Серхио Каналес и Оливер Торес, додека тренер ќе му биде Мартин Демикелис.
Шпанскиот дефанзивец веќе потпиша преддоговор со Монтереј, а денес се очекува да го стави потписот на договорот со тимот кој минатата сезона беше втор во мексиканската лига.
Откако го напушти Реал, играше за ПСЖ и ја одработи сезоната во клубот каде што ја започна кариерата, Севиља, фудбалерот кој за еден месец ќе наполни 39 години, сè уште не е подготвен да се збогува со фудбалот. Sportski
Серхио Рамос на 38-годишна возраст добива нов клуб со кој за прв пат во кариерата ќе игра надвор од Европа. Ekipa
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше бесен на судиите по поразот од Еспањол.
Фудбалерите на Еспањол приредија сензација во 22. коло од Примера дивизион земајќи го скалпот на лидерот и актуелен шампион Реал Мадрид (1-0). „Кралевите“ допатуваа на овој меч со серија од четири победи, Винисиус се врати по одлежаната суспензија но избраниците на Анчелоти не успеаја да го најдат патот до мрежата на Еспањол.
Во финишот од преодниот рок Галатасарај го ангажираше Алваро Мората од Милан на позајмица со опција комплетно да го откупи.
Трансферот на Алваро Мората од Милан во Галатасарај е договорен и останува само играчот да помине лекарски преглед.
Атлетико Мадрид на домашен терен ја совлада Мајорка со 2-0 во 22. коло од шпанска Примера, а натпреварот го одбележа маестралниот гол на Антоан Гризман.
Во 22. коло од шпанска Ла Лига, Атлетико Мадрид со 2:0 ја совлада Мајорка и ја продолжи потрагата по Реал Мадрид кој има 1 бод повеќе но и натпревар помалку кој го игра вечерва со Еспањол на гости.
Италијанскиот гигант Милан покажува интерес за напаѓачот на Челси, Жоао Феликс.
Фудбалскиот клуб Милан би можел да го обележи бурниот крај на јануарскиот трансфер период.
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски во Анталија ги следеше контролните натпревари на клубовите од МФЛ кои своите подготовки за претстојната полусезона ги одработуваа во турскиот туристички центар.