Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски во Анталија ги следеше контролните натпревари на клубовите од МФЛ кои своите подготовки за претстојната полусезона ги одработуваа во турскиот туристички центар.
Нашиот селектор заедно со техничкиот менаџер во А селекцијата ги следеше натпреварите на Вардар против грузискиот првак Иберија и унгарски Чаквари, мечевите на Шкендија против Јелимај (Казахстан) и Зорја (Украина), потоа Шкупи против Полонија (Полска) и Септември Софија (Бугарија), контролните натпревари на Струга Трим Љум против Кизилзар (Казахстан) и словачки Михаловце и пресметката на Силекс против Пахтакор (Узбекистан). Покрај тоа, Милевски го следеше и настапот на нашите интернационалци од Борац Бања Лука, Дамјан Шишковски, Бобан Николов и Себастијан Ерара против Кајрат.