Екипата на Вардар денеска го одигра последниот натпревар на подготовките во Анталија против Рапид Виена и во него славеше победа од 3-1. Првиот гол за Вардар беше дело на Немања Босанчиќ пред крајот на првото полувреме, а по десетина минути во вториот дел во листата на стрелци се запиша засилувањето од Брера, Мато.
Екипата на Вардар успешно ги заврши подготовките за вториот дел од сезоната што „црвено-црните“ ги минаа во Анталија, откако во шестиот обид успеа да стигне до првата победа.