Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Екипата на Вардар денеска го одигра последниот натпревар на подготовките во Анталија против Рапид Виена и во него славеше победа од 3-1. Првиот гол за Вардар беше дело на Немања Босанчиќ пред крајот на првото полувреме, а по десетина минути во вториот дел во листата на стрелци се запиша засилувањето од Брера, Мато.
Третиот погодок за Вардар беше дело на уште еден нов играч, Михаил Талевски.
Вардар подготовките во Анталија ги завршува со една победа три нерешени натпревари и два порази.
За три дена Вардар се враќа во Скопје каде ќе ги продолжи подготовките за вториот дел од сезоната кој го стартуваат на 16-ти февруари. Sportski
„Црвено-црните“ во денешниот натпревар беа подобри со 3:1, а во листата на стрелци се запишаа Немања Босанчиќ и новите засилувања Мато и Михаил Талевски.
Вардар подготовките во Анталија ги завршува со една победа три нерешени натпревари и два порази. Sportski
Напаѓачот на Ал Наср и Португалија, Кристијано Роналдо одговори на прашање за неговата популарност.
Кристијано Роналдо даде интервју за шпански El Chiringuit непосредно пред неговиот 40-ти роденден.
Екипата на Болоња приреди изненадување во Купот на Италија, елиминирајќи го ланскиот финалист Аталанта во Бергамо со 1-0. Аталанта е во мала криза последните недели, па на тоа се должи и денешниот пораз.
Ова се нашите предлози за типување за денешниот ден… СИНГЛ НА ДЕНОТ Aталанта – Болоња 1 и 2+ Фудбалерите на Аталанта вечерва на домашен терен ќе ја пречекаат Болоња во натпревар од четвртфиналето во Копа Италија.
Фудбалерот на Сантос, Нејмар, секојдневно лета на тренингот на тимот од неговиот дом во Мангаратиба, пренесува „Глобо Еспорте“.
Нејмар после авантуарата во Саудиска Арабија се врати во својот матичен клуб Сантош после 11 и пол години.
Србија и Албанија вов 2027 година ќе бидат домаќини на Европското првенство во фудбал за фудбалери до 21 година.
Албанија и Србија ќе бидат кодомаќини на Европското првенство за играчи до 21 година во 2027 година, објави денеска Европското фудбалско тело УЕФА, откако двете балкански земји ги оставија настрана разликите и поднесоа заедничка понуда.
Телото на 24-годишниот хрватски фудбалер Јаков Јелкиќ, кој исчезна во Аликанте, Шпанија, ноќта на 1.февруари e пронајдено во понеделник попладне во водите на градското пристаниште, објави порталот „Informacion“.
Резултатите од обдукцијата на младиот хрватски фудбалер Јаков Јелкиќ сè уште се чекаат, но шпанската полиција смета дека се работи за несреќен случај.