Телото на 24-годишниот хрватски фудбалер Јаков Јелкиќ, кој исчезна во Аликанте, Шпанија, ноќта на 1 февруари e пронајдено во понеделникот попладне во водите на градското пристаниште, објави порталот Información. Телото е предадено на обдукција, но шпанската полиција верува дека се работи за несреќен случај.
Хрватскиот фудбалер Јаков Јелкиќ исчезнал во шпанскиот град Аликанте во ноќта меѓу 31 јануари и 1 февруари, а апел за помош испрати неговата сестра на социјалните мрежи.