Во Кривичниот суд денеска продолжи судскиот процес за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, а обвинителството продолжи со презентирање на нови докази.
Љупчо Палевски Палчо, обвинет за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на почетокот од денешното судење побара изземање на јавните обвинителки во процесот, Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитриевска и шефот на ОЈО Скопје, јавниот обвинител Гаврил Бубевски.
Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.