Финалето на англискиот Лига куп оваа сезона ќе се игра меѓу Њукасл, кој го избори во средата и Ливерпул, кој во четвртокот го победи Тотенхем.
На „Енфилд“, фудбалерите на Тотенхем ја донесоа предноста од 1:0 од првиот меч што го игаа на свој терен, но водечкиот тим во Премиер лигата ја надополни негативата во реваншот победувајќи со убедливи 4:0. Ливерпул поведе во 34. минута кога Гакпо ја прими топката на подалечната статива и погоди прецизно за водство на домашните.