Фудбалерите на малку се измачија, ама ја оправдаа фаворитската улога и славеа на гостувањето кај (0-2) на „Карло Кастелани“ во рамките на 24. коло на италијанската . Средбата тргна со спорен момент, бидејќи Какаче со отворен ѓон го згазна Вокер, а ВАР проверките не резултираа со црвен картон.
Фудбалерите на Милан се вратија на победите во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Емполи со 0-2 во натпревар од 24. коло од италијанската Серија А. Откако по првиот дел мируваа мрежите првите возбудувања дојдоа во 55. минута кога фудбалерот на гостите Томори доби втор жолт картон по кој мораше да го напушти теренот.