Барселона на најдобар можен начин го искористи нерешениот резултат во мадридското дерби, и ја стопи предноста на Реал Мадрид која пред два кола беше +7. Распоредот во последните 15 кола е шаренолик, се разбира, кога 45 бодови се во игра, сè уште е можно, а најважно е дека од преостанатите дербија имаме – Атлетико Мадрид – Барселона (16 март) и Барселона – Реал Мадрид (10 мај). Она што, на пример, најмногу ги радува навивачите на Барселона е што во преостанатите 15 кола, дури девет противници ќе ги пречекаат во Каталонија, додека од тешките гостувања ги очекува покрај споменатиот Атлетико Мадрид, и Атлетик Билбао, и тоа во последното коло. Sportski