Талентираниот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио, сезонава доживува значителна спортска афирмација, но истовремено се соочува со сериозни правни проблеми, откако е вклучен во истрага поврзана со детска порнографија, која се случила пред неколку години, заедно со тројца поранешни соиграчи од резервниот тим на Реал Мадрид.
Феран Руиз, Хуан Родригес и Андрес Гарсија во септември 2023 година беа уапсени во врска со случајот, додека Асенсио беше повикан да сведочи, по што и самиот стана дел од истрагата.