Пари Сен Жермен одржал ненадејни разговори со луѓето околу Винисиус Жуниор, откако Бразилецот ја одбил понудата за нов договор од Реал Мадрид, пишува „Скај Спортс“ По преговорите помеѓу Реал и претставниците на 24-годишниот Винисиус пред околу две недели, не бил постигнат договор, а играчот ја одбил првичната понуда за продолжување на договорот, бидејќи очекува подобри финансиски услови од клубот.
Пред почетокот на натпреварот фановите на Манчестер Сити го провоцираа Винисиус со голем банер од Родри како ја бакнува топката, но на крајот Бразилецот беше тој кој се смееше.