Анге Постекоглу доби шанса од управата на Тотенхем по елиминациите од Лига-купот и од ФА Купот на Англија, а искусниот стратег возврати за довербата со триумф над Манчестер Јунајтед од 1-0. „Спарси“ цела сезона се мачат со бројни проблеми со повреди кои траат до ден денеска, па Постекоглу по мечот се осврна на таа ситуација, особено откако Рубен Аморим го потенцираше отсуството на првотимците како една од главните причини за поразот. Ekipa