Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Кристијан Ериксен нема да остане во Манчестер Јунајтед.
Договорот на искусниот Данец истекува на крајот од сезоната и клубот не е заинтересиран да го продолжи.
Сепак, фудбалерот кој на Европското првенство 2021 година, на натпреварот Данска – Финска во првото коло, доживеа инфаркт, а потоа по шест месеци се врати на терен, не размислува да ја заврши кариерата.
Сè уште се чувствува добро и останува само да се види дали ќе остане во Премиер лигата или можеби ќе одлучи да ја заврши кариерата во родниот Оденсе. Sportski
Челниците на Манчестер одлучија да не го продолжат неговиот договор, кој истекува на крајот на сезоната, со што Данецот ќе го напушти „Олд Трафорд“ како слободен агент.
Ериксен дојде во Манчестер во 2022 година од Брентфорд, а во минатото играше во Интер, Тотенхем и Ајакс. Ekipa
Данецот во кариерата играше за Оденсе, Ајакс, Тотенхем, Интер, Брентфорд и од 2022 година за Манчестер Јунајтед.
Со 140 одиграни натпревари е рекордер на селекцијата на Данска. Sportski
Кристијан Ериксен, данскиот фудбалер од средниот ред ќе го напушти тимот на Манчестер Јунајтед по крајот на сезоната, откако неговиот договор со тимот не е продолжен. Ekipa
Манчестер Јунајтед доживеа нов пораз во Премиер лигата, овојпат од Тотенхем во Лондон.
Манчестер Јунајтед и под водство на Рубен Аморим не ги остварува очекуваните резултати.
Фудбалерите на Бетис славеа на домашниот меч против Реал Сосиедад (3-0) во рамките на 24. коло на шпанската Примера.
Антони неколку години беше исмејуван за слабите игри и бројки како член на Манчестер Јунајтед, но крилниот офанзивец за само неколку седмици во дресот на Бетис потсети на своите најдобри денови од периодот кога ги бранеше боите на Ајакс.
Тотенхем го совлада Манчестер jунајтед во 25. коло од Премиер лигата со 1:0. Со ова Тотенхем ја прекина серијата од два порази и ја забележа четвртата победа во последните девет натпревари, додека Јунајтед продолжи да игра топло-ладно и шести натпревар по ред не успеа да слави против овој ривал.
Тотенхем го доби дербито на колото во англиската Премиер-лига против Манчестер Јунајтед со 1-0, во дуелот на двете екипи кои се најголеми разочарувања сезонава во елитното англиско фудбалско друштво.
Анге Постекоглу доби шанса од управата на Тотенхем по елиминациите од Лига-купот и од ФА Купот на Англија, а искусниот стратег возврати за довербата со триумф над Манчестер Јунајтед од 1-0. „Спарси“ цела сезона се мачат со бројни проблеми со повреди кои траат до ден денеска, па Постекоглу по мечот се осврна на таа ситуација, особено откако Рубен Аморим го потенцираше отсуството на првотимците како една од главните причини за поразот.
Фудбалерите на Тотенхем го совладаа Манчестер Јунајтед во 25. коло од Премиер лигата, а уште пред почетокот на натпреварот беше јасно дека двата тима ќе имаат многу проблеми со повредени фудбалери.
Манчестер Јунајтед претрпе голем удар врз своите амбиции за напредок на табелата во Премиер – лигата и за продолжување на битката во Лига Европа.
За време на тренингот, непосредно пред натпреварот со Тотенхем, младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед се здоби со тешка повреда поради која најверојатно ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната.