Играчите на Борусија Дортмунд се квалитетни фудбалери, но во моментов најголемиот проблем е во нивните глави, изјави денеска хрватскиот стратег Нико Ковач, тренер на клубот од Дортмунд.
Ковач го изјави ова во пресрет на реваншот од плеј-офот во Лигата на шампионите, во кој Борусија на својот стадион го пречекува Спортинг Лисабон.