Интер Мајами и Лионел Меси ноќеска официјално ја почнаа новата сезона со гостување во Канзас Сити, во рамките на КОНКАКАФ Лигата на шампионите.
Во нехумани услови, на -10 степени Целзиусови, тимот од Флорида славеше со 1-0, а голот за победа го постигна токму аргентинскиот ас. Натпреварот беше одложен за 24 часа и одигран ноќеска, место ден претходно, поради снежната бура што го зафати Канзас Сити, но временските услови не беа ништо подобри.