Eкипата на Аталанта вчера беше елиминирана од Клуб Бриж, а по натпреварот внимание привлече изјавата на тренерот Џанпјеро Гасперини кој јавно го критикуваше напаѓачот Адемола Лукман. за Аталанта нагласувајќи дека тој е најлошиот изведувач.
На големо изненадување, Аталанта беше елиминирана од Лигата на шампионите откако синоќа пред своите навивачи во Бергамо претрпе срамен пораз од Клуб Бриж (3:1), кој победи со вкупни 5:2. Белгијците на домашен терен победија со 2:1. Потоа повторно ја совладаа Аталанта на гостински терен, а прашање е како ќе се одвиваше натпреварот во Бергамо доколку Адемола Лукман го реализираше ударот од белата точка за потенцијални 2:3 во 61. минута.