Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн заработи повреда на вчерашниот меч против Селтик во реваншот од плеј-офот во Лигата на шампионите, кој заврши 1-1, и така „Баварците“ со вкупни 2-1 се пласираа во следната фаза.
Малку недостасуваше Баерн да биде шокиран откако гостите имаа предност се до последната минута кога со многу среќа Дејвис успеа да израмни.