Фудбалерите на Торино славеа голема победа во рамките од 26. коло од италијанската Серија А против Милан со 2-1. Победата на Торино беше најавена со киксот на голманот Мајк Мањан кој при обид да исфрли една топка го погоди својот дефанзивец, Малик Тиао, по што топката заврши во мрежата.
Фудбалерите на Милан дозволија Торино да поведе во денешниот натпревар од Серија А и тоа по еден урнебесен автогол.