Видовме уште две солидни прилики кои не донесоа позначајни промени, па така екипите на паузата заминаа со почетните 0-0. Домаќините започнаа со мала офанзива на стартот од вториот дел, се обидоа да создадат добра прилика за гол, а зрела шанса имаше Стојановски, чиј удар со глава заврши покрај голот.