Наполи го загуби водечкото место во италијанскиот фудбалски шампионат, откако попладнево загуби на гостувањето кај Комо со 2:1. Така, избраниците на Антонио Конте со 56 бода, по 26. коло паднаа на втората позиција во поредокот во Серија А. Интер, кој на вчерашниот натпревар ја победи Џенова со 1:0, освои 57 бода и се искачи на првото место во Серија А. Наполи нема победа на последните 4 натпревари во низа. Kanal5