Оваа срамна пресуда е само уште еден триумф на праксата на неказнивост што ја негува нашето труло судство.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Сестрата на загинатата Фросина, Росица Кулакова, во објава на социјалните мрежи го изрази незадоволството од пресудата на Кривичен и ја нарече триумф на праксата на неказнивост и плукање врз болката на семејството.
Таткото на загинатата, Тодор Кулаков, ја напушти судницата уште пред да биде дочитана пресудата.