Галатасарај го критикуваше тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо по натпреварот од 25. коло во турскиот шампионат (0:0). По натпреварот, Мурињо изјави дека во еден инцидент претставниците на противникот „скокале на клупата како мајмуни“.
Цела фудбалска Европа вечерва со нетрпение ги очекуваше вестите од Истанбул, каде се одигра најголемото дерби во турската Суперлига помеѓу Фенербахче и Галатасарај (0-0), кој поради страв од навивачки инциденти беше обезбедувано од 30.000 полицајци.