Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Тренерот на Милан, Консеиао, нема намера да го напушти тимот по серијата слаби резултати.
Милан синоќа загуби од Лацио со 2:1 во 27. коло од Серија А. - Мојата главна цел е да спречам играчите да бидат разочарани по натпреварите.
Консеисао има клаузула во договорот која му овозможува на Милан да го раскине договорот на крајот од оваа сезона доколку не ги исполни амбициите и не ги постигне посакуваните резултати.
Милан е надвор од Лигата на шампионите, а во Серија А е само осми, му останува само да се бори за трофејот во Купот на Италија каде во полуфиналето ќе го пречека Интер. A1on
Милан испадна од Лигата на шампиони, во Серија А е на осмото место, и останува само да се бори за трофејот во Купот на Италија, каде што во полуфиналето ќе се сретне со Интер.
Во случај Милан да не обезбеди пласман во Лигата на шампиони, веројатно е дека клубот повторно ќе бара нов тренер, а прва цел е – Сеск Фабрегас, додека алтернативи се Роберто Де Ѕерби и Маурицио Сари. Sportski
Тој наиде на уште поголемо разочарување кај гневните навивачи кои бараат промена на целото раководство.
Прв кој се наоѓа на листата за заминување е тренерот Сержо Консеисао, но до нова промена нема да дојде, барем не до крајот на сезоната, откриваат италијанските медиуми. Ekipa
Играчите се свесни за ситуацијата и чувствуваат што се случува околу нив.
Единствениот начин да излеземе од оваа криза е со напорна работа и со гордост да ги браниме боите на Милан. Sportski
Сите сме виновни, а тука припаѓам и јас како генерален директор“, рече Фурлани.
Милан во моментов се наоѓа на деветтата позиција на табелата и минимални се шансите идната сезона да заигра во Лигата на шампионите. Sport1
Поразот од Лацио со 1-2 и тоа со гол во 98. минута дополнително ја продлабочи кризата на Милан и воедно незадоволството кај навивачите кои и на самата средба не ја криеа разочараноста од прикажаното на нивните омилени фудбалери.
По средбата за медиумите говореше тренерот Серхио Консеисао кој изјави дека е свесен за ситуацијата во која е неговиот клуб, но ниту еднаш во кариерата не се сретнал со „непријателска“ атмосфера на домашниот стадион. Ekipa
„Не поминуваме низ лесен период, тоа е очигледно.
Играчите се свесни за ситуацијата и чувствуваат што се случува околу нив. Sportski
Консеисао направи неколку измени, домаќинот заигра подобро, но нешто подоцна „росонерите“ останаа со играч помалку по исклучувањето на Страхиња Павловиќ.
Дури и со десетмина на теренот домаќините стигнаа до израмнување преку Чуквуезе во 84. минута, но тоа не беше крај на возбудувањата откако во судиското продолжение Мењон направи пенал, по што Педро од белата точка ги донесе трите бода на гостите од Рим. Ekipa
Новиот тренер на Лион, Португалецот Пауло Фонсека кој до пред неколку недели го водеше Милан, се соочува со драстична казна во францускиот фудбал откако направи незапаметен скандал и му се сипа во лице на главниот судија на мечот Лион - Брест Беноа Мило.
На тренерот на Лион, Паоло Фонсека му се заканува суспензија од седум месеци поради жестоката реакција на натпреварот против Брест во 24. коло од француското првенство.
Фудбалската ѕвезда Нејмар постигна голчиште од слободен удар за Сантос во четврт-финалниот натпревар од бразилската Паулиста, но дуелот го заврши предвреме поради повреда.
Само неколку недели откако се врати во Сантос, Нејмар повторно е во центарот на трансфер шпекулации.
Интер Мајами не можеше да смета на Лионел Меси за средбата против Хјустон во МЛС лигата, но во своите редови го имаше расположениот Луис Суарез кој директно учествуваше во сите четири голови во триумфот од 4-1. Поранешниот ас на Барселона забележа три асистенции, а фантастичниот настап го круниса и со гол во 79. минута од средбата и тоа со одличен продор во шестнаестникот.
Екипата на Интер Мајами ја забележа првата победа во новата сезона во МЛС-лигата.
Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо одлучи да не патува во Иран со својот тим Ал Наср за мечот против Естеглал во азиската Лига на шампиони, поради страв дека може да биде казнет со 100 удари со камшик!
Кристијано Роналдо не беше на листата со патници за Иран, каде што Ал Наср ќе одигра меч против Естегал во осминафиналето на азиската Лига на шампиони (ЛШ). Португалецот добил совет да го пропушти мечот во земја каде што би можел да добие жестока казна.
Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски се најде на атак кај навивачите на Динамо Загреб заради двата брзи жолти картони и исклучувањето во дербито против Хајдук кое заврши без победник (2-2). Хајдук ја искористи бројчаната предност и израмни во финишот, а Ристовски се најде на удар заради неговото издание и недисциплина, како што велат навивачите.
Динамо Загреб не успеа да стигне до три бода на вечното дерби против Хајдук (2-2), резултат со кој „модрите“ остануваат со седум бода заостанување зад водечката Ријека и „минус шест“ во однос на Хајдук.