Интер Мајами не можеше да смета на Лионел Меси за средбата против Хјустон во МЛС лигата, но во своите редови го имаше расположениот Луис Суарез кој директно учествуваше во сите четири голови во триумфот од 4-1. Поранешниот ас на Барселона забележа три асистенции, а фантастичниот настап го круниса и со гол во 79. минута од средбата и тоа со одличен продор во шестнаестникот.
▷ . Ekipa