Шведскиот атлетичар Арман Дуплантис, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, холандскиот светски шампион во Ф1, Макс Верстапен, словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар и францускиот пливач Леон Маршанд се меѓу номинираните за престижната награда Лауреус за Спортист на годината за 2024-та. Кандидати за најдобра спортистка во светот се американската гимнастичарка Симон Бајлс, белоруската тенисерка Арина Сабаленка, шпанската фудбалерка Аитана Бонмати и спортистите Сифан Хасан од Холандија, Фејт Кипјегон од Кенија и Американката Синди Меклафлин-Леврон.
Објавени се номинациите за наградата Лауреус, која традиционално се доделува на најдобрите светски спортисти во претходната година.