Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го постигна вториот гол во дресот на Торино придонесувајќи попладнево во триумфот на неговиот клуб на гостувањето во Монца со 2-0 во рамки на 27 коло во италијанската Серија А. Елмас му донесе водство на Торино во 41 минута, а победата на гостинскиот тим ја запечати Чезаре Касадеи во 66 минута. Kanal5