Предводникот на францускиот ПСЖ, Луис Енрике, изрази големо задоволство од победата над Лил во Лига 1, а по мечот изјави дека неговиот тим го пренасочува фокусот на дуелите со Ливерпул во Лигата на шампионите. Gol
ПСЖ игра во страшна форма во последните месеци, вчера го збриша Лил во дербито на француското првенство победувајќи го со 4-1, а сите четири погодоци ги даде во првото полувреме.
Во плејофот од Лигата на шампионите го поминаа Брест со вкупни 10-0, а следниот предизвик им е лидерот во Премиер лигата, тимот на Ливерпул. Sport1