Пауло Фонсека го запрепасти фудбалскиот свет откако му се сипа агресивно на судија за време на мечот Лион - Брест во француската Лига1.
Екс-тренерот на Милан Пауло Фонсека кој го предводи Лион доби суспензија од дури девет месеци поради инцидентот со судијата против Брест минатиот викенд, натпревар кој неговиот тим го доби со 2-1. Фонсека влезе во жестока расправија со судијата, но имаше и физички контакт па во Фудбалскиот сојуз на Франција немаа милост и го суспендираа на девет месеци.