Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска официјално ја стави во употреба својата онлајн платформа за продажба на влезници за натпреварите на македонската репрезентација.
Навивачите на македонскиот национален тим ќе можат да купуваат билети директно преку нова веб-платформа, eticket.ffm.mk, којa ќе им овозможи побрз, побезбеден и поедноставен начин за поддршка на македонската репрезентација и на домашните фудбалски натпревари „Со оваа платформа добивате безбедно и лесно купување билети, предвремен пристап до влезници, дигитални и мобилни опции за нарачка и купување на влезници и ажурирање во реално време за достапноста на билетите“, соопшти ФФМ.