1 (3) ■ македонија ■ 01-Sep 09:37 -> 01-Sep 09:40
.

Директорот на Геријатрија не чувствува вина за примањето поткуп за болнички прием
Локално

3 (2) ■ спорт ■ 01-Sep 10:31 -> 01-Sep 10:45
.

Крвта не е вода: Волкановски среде Австралија вртеше македонско оро како - девер (ВИДЕО)
Спорт1

Еден од најдобрите борци во мешани борешки вештини во последните години, Александар Волкановски, викендов беше вистински Македонец како својот татко, откако ја имаше улогата на девер на македонска свадба во Австралија. УФЦ ѕвездата одлично се снајде со сите традиционални обичаи, па на рамото имаше шишенце со ракија за сватовите, а добар беше и во играњето оро во дворот на куќата на невестата.

Фото: Screenshot ВИДЕО | Волкановски како вистински Македонец: Водеше оро на свадба во Австралија Aлександар Волкановски е еден од најдобрите борци во светот, имено такото на УФЦ ѕвездата е од Македонија, па така нашата традиција за Волкановски не е непозната и тоа го покажа на свадба во Австралија. Волкановски на свадбата беше во улога на девер и на објавената снмка можеше да се забележи дека ги почитува обичаите во дворот на куќата на невестата.

Македонија

6 (2) ■ македонија ■ 01-Sep 09:16 -> 01-Sep 09:18
.

Мицкоски: Пред 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денес зборуваме за учебник за секое дете
Фокус

По повод почеток на новата учебна година, претседателот на Владата – Христијан Мицкоски го посети ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода. „За мене претставува огромно задоволство и чест што можам денес да застанам пред вас.

Можеби за првпат после седум години, учениците во првиот училишен ден ќе ги имаат учебниците пред себе, нешто коешто е многу значајно, нешто коешто во минатото за жал изостануваше. Ја користам оваа прилика да им се извинам на родителите што пред повеќе од 15 години зборувавме за компјутер за секое дете а денес после 15 години зборуваме за учебник за секое дете, но ви ветувам дека преку нова дисциплина, а тоа е вештачката интелигенција со којашто ќе се запознаат нашите дечиња ќе можеме да зборуваме за иднината и за предизвиците коишто ни ги носи иднината, порача премиерот Христијан Мицкоски на првиот училишен ден, посакувајќи им среќен почеток на учебната година и успех на сите ученици во државата.

12 (2) ■ македонија ■ 01-Sep 05:32 -> 01-Sep 06:10
.

За 245 илјади ученици денеска почнува учебната година
Слободен Печат

17 (7) ■ македонија > еу ■ 30-Aug 08:19 -> 01-Sep 10:42
.

ВИДЕО | Филипче: Владата манипулира, нема раст на индустриското производство - поскапени се само суровините
Слободен Печат

На прашањето зошто премиерот Христијан Мицкоски ја одбил Резолуцијата, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека Владата само наоѓа изговори и упорно се држи до ставот да не се водат преговори со ЕУ. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ветувала подобри преговарачки позиции со ЕУ, но не кажала дека преговорите ќе запрат, оценувајќи дека процесот е практично блокиран и дека нема напредок ниту во реформската агенда ниту во уставните измени. Добро е да знаеме на што сме.

Потребен е државнички пристап за одблокирање на европските интеграции, жалам што премиерот еднаш бара конструктивност а потоа одбива секаков предлог, рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање коментирајќи го одбивањето на предлогот за заедничка Резолуција во македонското Собрание за црвените линии како механизам за заштита на државните и национални интереси од страна на премиерот Мицкоски. „Навистина жалам што премиерот еднаш бара конструктивност, а другпат било каков предлог одбива.

18 (3) ■ македонија > скопје ■ 31-Aug 11:39 -> 31-Aug 13:36
.

Герасимовски: Муралот не сплоти сите на прославата на 40 години од Бушавата азбука
Фокус

19 (6) ■ македонија > скопје ■ 30-Aug 10:26 -> 31-Aug 13:44
.

(ВИДЕО) Шукова: Капитални проекти од витално значење за Скопје се заглавени поради политички игри
А1он

Од: А1он Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, предупреди дека капитални проекти од витално значење за Скопје се заглавени поради политички игри и опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната градоначалничка Данела Арсовска. „Секојдневно гледаме како капитални проекти и решенија кои се од витално значење за Скопје стојат заглавени поради политички игри, опструкции и целосна незаинтересираност за потребите на своите граѓани од страна на ДПМНЕ и Данела Арсовска“ истакна Шукова која денеска беше во општина Карпош.

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, предупреди дека капитални проекти од витално значење за Скопје се заглавени поради политички игри и опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната градоначалничка Данела Арсовска, изјави денеска кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ Каја Шукова. Секојдневно гледаме како капитални проекти и решенија кои се од витално значење за Скопје стојат заглавени поради политички игри, опструкции и целосна незаинтересираност за потребите на своите граѓани од страна на ДПМНЕ и Данела Арсовска – истакна Шукова која денеска беше во општина Карпош.

25 (2) ■ македонија > политика ■ 31-Aug 14:58 -> 31-Aug 15:06
.

▷ Димитриевски: ЗНАМ е движење на младите - тие се иднината на Македонија
Локално

Максим Димитриевски, Претседател на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, беше гостин во интервју за новиот канал на младите на ЗНАМ, кое се одржа во рамки на летниот камп за млади на движењето во Струга. Тој ја истакна клучната улога на младите во политичките процеси, нивната способност да внесат поинаква енергија, креативност и визија, како и важноста на нивното активно учество во креирањето на иднината на Македонија.

Максим Димитриевски, Претседател на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, беше гостин во интервју за новиот канал на младите на ЗНАМ, кое се одржа во рамки на летниот камп за млади на движењето во Струга. Тој ја истакна клучната улога на младите во политичките процеси, нивната способност да внесат поинаква енергија, креативност и визија, како и важноста на нивното активно учество во креирањето на иднината на Македонија.

Балкан

22 (2) ■ балкан > албанија ■ 31-Aug 17:27 -> 31-Aug 17:35
.
27 (2) ■ балкан > бугарија ■ 31-Aug 16:49 -> 01-Sep 06:29
.

Фон дер Лајен: Поддршката на Бугарија за одбраната на Украина помага во одбраната на цела Европа
Слободен Печат

48 (3) ■ балкан > црна гора ■ 30-Aug 14:49 -> 30-Aug 19:34
.
68 (2) ■ балкан > регион ■ 30-Aug 13:35 -> 30-Aug 14:26
.

Билборди со честитки за роденденот на Лукашенко се појавија во Белград и Нови Сад
Локално

Од утрово во Белград и Нови Сад се поставени билборди со порака за роденденот, упатена до Александар Лукашенко, долгогодишниот и авторитарен лидер на Белорусија. Според српските медиуми, зад акцијата стои десничарското конзервативно движење „Naši“, чиј претставник Иван Ивановиќ е потписник на пораката.

Лукашенко Фото: Н1 Во Белград и во Нови Сад билборди со честитки за роденденот на Лукашенко Белград и Нови Сад се појавија билборди со честитки за роденденот на автократскиот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко, јавува Н1. Билбордите ги постави конзервативното движење „Наши“, кое наведува дека „сака да ја нагласи важноста на традиционалните врски меѓу Србија и Белорусија, но и да потсети дека во време на големи политички предизвици, Србија мора да застане покрај своите искрени сојузници“. Лукашенко, кој често се опишува како „последниот европски диктатор“, владее со Белорусија повеќе од 30 години.

Свет

5 (2) ■ свет > путин ■ 01-Sep 09:51 -> 01-Sep 10:37
.

Ердоган и Путин разговараа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка
Слободен Печат

Рускиот претседател Владимир Путин денес се сретна со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во градот Тјанџин во северна Кина. Во руската делегација се министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, заменик-шефот на претседателската администрација Максим Орешкин, портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, министерот за транспорт Андреј Никитин, министерот за енергетика Сергеј Цивилев, директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка Дмитриј Шугаев, генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев и директорот на Росатом Алексеј Лихачев, пренесува Тас.

Рускиот претседател Владимир Путин денес се сретна со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во градот Тјанџин во северна Кина. Во руската делегација се министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, заменик-шефот на претседателската администрација Максим Орешкин, портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, министерот за транспорт Андреј Никитин, министерот за енергетика Сергеј Цивилев, директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка Дмитриј Шугаев, генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев и шефот на Росатом Алексеј Лихачев, пренесува Тасс.

7 (2) ■ свет > русија ■ 01-Sep 09:33 -> 01-Sep 10:24
.
10 (2) ■ свет > сообраќајка ■ 01-Sep 05:49 -> 01-Sep 06:19
.

Поранешниот градоначалник на Њујорк Џулијани хоспитализиран по сообраќајна несреќа во Њу Хемпшир
Слободен Печат

Рудолф Џулијани / Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE Поранешниот градоначалник на Њујорк Џулијани хоспитализиран по сообраќајна несреќа во Њу Хемпшир Поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, беше хоспитализиран во недела вечерта по сообраќајна несреќа во близина на Манчестер во американската држава Њу Хемпшир, изјави неговиот портпарол Мајкл Рагуса. Во објава на ИКС Network, Рагуса се наведува дека 81 годишниот Џулијани, претрпел фрактура на пршлен и неколку посекотини откако друго возило со голема брзина го удрил неговиот изнајмен автомобил.

Поранешниот градоначалник на Њујорк и поранешен личен адвокат на Доналд Трамп – Руди Џулијани, е повреден во сообраќајна несреќа што се случила во американската држава Њу Хемпшир. Според информациите од локалната полиција, Џулијани (81) кој бил сопатник во автомобилот кој бил удрен одзади од друг автомобил во вечерните часови во саботата.

11 (2) ■ свет ■ 01-Sep 06:22 -> 01-Sep 09:42
.

ВИДЕО| Билансот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Авганистан се искачи на над 800 лица
Слободен Печат

32 (2) ■ свет ■ 31-Aug 13:54 -> 31-Aug 16:30
.
58 (2) ■ свет ■ 30-Aug 18:09 -> 30-Aug 18:37
.

Зеленски: Убиството на поранешниот претседател на украинскиот Парламент е внимателно испланирано
Фокус

Денешното убиство на поранешниот претседател на украинскиот парламент Андриј Парубиј, истакната личност во политичкиот живот на земјата, били внимателно испланирано, тврди украинскиот претседателот Володимир Зеленски. „За жал, злосторството беше внимателно испланирано“, рече Зеленски во својот дневен извештај до граѓаните, додавајќи дека „се прави сè за да се реши злосторството“.

Володимир Зеленски EPA-EFE/STRINGER Зеленски: Убиството на Парубиј е внимателно испланирано Денешното убиство на поранешниот претседател на украинскиот парламент Андриј Парубиј, истакната личност во политичкиот живот на земјата, били внимателно испланирано, тврди украинскиот претседателот Володимир Зеленски. „За жал, злосторството беше внимателно испланирано“, рече Зеленски во својот дневен извештај до граѓаните, додавајќи дека „се прави сè за да се реши злосторството“.

62 (2) ■ свет ■ 30-Aug 18:55 -> 31-Aug 13:28
.

ВИДЕО | Тројца загинати и над 100 повредени патници откако воз излета од шините во Египет
Слободен Печат

65 (2) ■ свет > украина ■ 30-Aug 15:45 -> 30-Aug 16:53
.

Мерц: Русија ќе ја прекине војната против Украина од економски и воени причини
Локално

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека очекува Русија да ја заврши војната против Украина само кога повеќе нема да може да ја води од економски и воени причини, бидејќи дипломатските напори во последните недели не успеаја. „Сите напори во последните недели беа пречекани со уште поагресивен пристап од страна на режимот во Москва кон народот на Украина“, изјави Мерц на регионалниот состанок на неговата Демохристијанска унија во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, објави Ројтерс.

Фридрих Мерц фото EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE Мерц: Русија ќе ја прекине војната само ако од економски и воени причини не може повеќе да војува Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Русија ќе ја заврши војната во Украина само доколку повеќе не може да води војна од економски и воени причини, бидејќи дипломатските напори за прекин на конфликтот не успеаја, пренесува „Н1“ Одговорот на дипломатските напори во последните недели е уште поагресивен пристап од страна на режимот во Москва кон населението на Украина. Тоа нема да престане сè додека не се осигураме дека Русија повеќе не може да ја продолжи војната од економски причини, можеби и воени, рече Мерц.

73 (2) ■ свет > русија ■ 30-Aug 07:28 -> 30-Aug 07:46
.

Зеленски: Москва го искористи времето за да се подготви за состанок на лидерите за да започне напади
Локално

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва го искористила времето за да се подготви за состанок меѓу лидерите на двете земји за да започне нови масовни напади врз Украина. „Единствениот начин повторно да се отвори прозорецот на можности за дипломатија е преку строги мерки против сите оние кои ја финансираат руската војска и ефикасни санкции против самата Москва – банкарски и енергетски санкции“, рече Зеленски во објава на платформата X. Во најновиот руски напад врз украинската Запорожје, едно лице беше убиено, а најмалку 24 беа повредени, вклучувајќи три деца, соопшти канцеларијата на регионалниот гувернер порано денес, пренесува Ројтерс.

Од: А1он Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва го користи времето на подготовките за состанокот на лидерите на двете земји за да започне нови масовни напади врз неговата земја. Единствениот начин повторно да се отвори прозорецот на можности за дипломатија се строги мерки против сите оние кои ја финансираат руската армија и ефикасни санкции против самата Москва – банкарски и енергетски санкции – напиша Зеленски на X во саботата.

75 (2) ■ свет > украина ■ 30-Aug 07:39 -> 30-Aug 09:10
.

Калас: Русија нема да го добие замрзнатиот имот без да плати репарации
А1он

Од: А1он Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека е незамисливо рускиот имот замрзнат во рамките на Европската Унија поради војната во Украина да биде вратен без Русија да плати воени репарации. Воопшто не можеме да замислиме, ако дојде до примирје или мировен договор, тој имот да ѝ биде вратен на Русија, а таа да не плати репарации, изјави Калас за новинарите пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Копенхаген.

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, рече дека е незамисливо руските средства, блокирани во земјите на ЕУ поради конфликтот во Украина, да бидат вратени без Русија да ги надомести штетите од војната. Воопшто не можеме да замислиме, ако дојде до примирје или мировен договор, тој имот да ѝ биде вратен на Русија, а таа да не плати репарации – рече Калас пред медиумите, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Копенхаген.

85 (2) ■ свет ■ 30-Aug 06:44 -> 30-Aug 16:45
.

Сијарто предупредува: ЕУ се подготвува за долга и исцрпувачка војна во Украина
А1он

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денес изјави дека Брисел и мнозинството земји-членки на Европската Унија се подготвуваат за долгорочно продолжување на војната во Украина. „Тие не се заинтересирани за успехот на мировните преговори, но се подготвени да испратат илјадници милијарди форинти во Украина“, рече Сијарто на прес-конференција по неформалната седница на Советот за надворешни работи на ЕУ, пренесува MTI.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави денес дека најголемиот проблем на Европската Унија е тоа што во Брисел постои „либерална, провоена политичка елита“ која не ги базира одлуките врз реалноста. „Верувам дека најголемиот проблем е што Европската Унија во моментов е управувана од екстремно либерална, провоена политичка елита која е фундаментално многу фрустрирана од сопствениот недостаток на успех и ги базира своите одлуки на разни луди идеи наместо на реалноста“, рече Сијарто.

Економија

4 (2) ■ економија > економија ■ 01-Sep 10:07 -> 01-Sep 11:18
.

Поскапува дизелот, бензините со иста цена
Слободен Печат

Поскапува дизелот, бензините со иста цена Од полноќ нови цени на горивата. Се зголемува цената на дизелот за половина денар, бензините остануваат со иста цена.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,00 ден/лит.

9 (2) ■ економија > економија ■ 01-Sep 07:30 -> 01-Sep 09:22
.

Од денеска нови правила при увозот на возила, без непотребните дозволи кои се ваделе
Слободен Печат

Грубата пресметка, која ја презентираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вели дека 1,3 милиони евра годишно досега оделе за TÜV потврди кои не требало да се бараат Од денеска ќе се применуваат европски стандарди при узвоз на возила. Грубата пресметка, која ја презентираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вели дека 1,3 милиони евра годишно досега оделе за TÜV потврди кои не требало да се бараат и тоа најголемиот дел од средствата оделе кај странски компании на кои им се плаќало.

Од: А1он Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата. Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини кое неодамна одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила на кој ги презентираше измените во постапките за одобрување на возила, кои ќе стапуваат во сила од денеска.

39 (2) ■ економија > економија ■ 31-Aug 10:27 -> 31-Aug 10:27
.

WhatsApp го „закрпил кошмар“ за iPhone и Mac
Локално

На 29 август 2025 година, WhatsApp објави дека поправил критична ранливост што им дозволуваше на корисниците на iPhone и Mac компјутерите да бидат хакирани без никаква интеракција со корисникот (zero-click напад). Целта објави дека ранливоста е идентификувана како CVE-2025-5517, што е резултат на нецелосно овластување на „пораки за синхронизација на поврзани уреди“ во апликацијата WhatsApp. Заедно со ова, потенцијалниот напад дозволи поврзување со друга ранливост: CVE-2025-43300, која се однесуваше на основната библиотека со слики на Apple и претходно беше поправена од Apple.

На 29 август 2025 година, WhatsApp објави дека поправил критична ранливост што им дозволуваше на корисниците на iPhone и Mac компјутерите да бидат хакирани без никаква интеракција со корисникот (zero-click напад). Целта објави дека ранливоста е идентификувана како CVE-2025-5517, што е резултат на нецелосно овластување на „пораки за синхронизација на поврзани уреди“ во апликацијата WhatsApp. Заедно со ова, потенцијалниот напад дозволи поврзување со друга ранливост: CVE-2025-43300, која се однесуваше на основната библиотека со слики на Apple и претходно беше поправена од Apple.

50 (2) ■ економија > инфлација ■ 31-Aug 07:53 -> 01-Sep 07:51
.
82 (2) ■ економија > економија ■ 30-Aug 06:25 -> 30-Aug 07:14
.

Судот пресуди за незаконските царини на Трамп, тој вели - царините остануваат
А1он

Американски апелационен суд одлучи дека најголемиот дел од тарифите кои неодамна беа воведени од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп, се нелегални. Во текот на неговиот мандат, Трамп ги направи тарифите клучен дел од американската надворешна политика, користејќи ги за политички притисок со цел да издејствува поповолни трговски услови со државите кои извезуваат во САД.

Апелацискиот суд на САД пресуди дека повеќето од царините што неодамна ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп се нелегални, поткопувајќи ја неговата употреба на царините како клучно оружје во меѓународната економска политика. Трамп ги направи царините камен-темелник на надворешната политика на САД во својот втор мандат, користејќи ги за да изврши притисок врз земјите што извезуваат во САД да преговараат за поповолни трговски услови.

Хроника

59 (2) ■ хроника ■ 30-Aug 19:13 -> 31-Aug 06:55
.

Деветмина полицајци кои го гаснеле пожарот кај „Борис Трајковски“ завршија на Токсикологија
Слободен Печат

Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески Деветмина полицајци кои го гаснеле пожарот кај „Борис Трајковски“ завршија на Токсикологија Деветмина полицајци кои го гаснеле пожарот што изби во непосредна близина на СЦ „Борис Трајковски“ завршија на Клиниката за Токсикологија поради вдишување на чад. Полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита денеска презеле мерки и активности со цел спречување на ширење пожар, кој денеска околу 16 часот изби во непосредна близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

МВР информира дека денеска околу 16:00 часот во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје настана пожар, при што и покрај неповолните временски услови, од страна на полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита, преземени се мерки и активности со цел спречување на ширење на истиот и зафаќање на моторни возила и објекти како и лизгалиштето што е во склоп на спортскиот центар. Исто така безбедно е направена евакуација на учесниците на турнирот и сите други спортски работници и публика.

Култура

Спорт

24 (2) ■ спорт > кошарка ■ 31-Aug 16:00 -> 31-Aug 17:31
.
28 (5) ■ спорт ■ 30-Aug 06:30 -> 01-Sep 08:01
.

Ниту Германецот Штруф не беше закана: Ѓоковиќ ќе игра четвртфинале на САД Опен
Слободен Печат

Фото: US Open Tennis Championships/FB Ниту Германецот Штруф не беше закана: Ѓоковиќ ќе игра четвртфинале на САД Опен Српскиот ас Новак Ѓоковиќ изминатата вечер уште еднаш покажа дека и понатаму може да игра на највисоко ниво и со 3-0 во сетови (6-3, 6-3, 6-2) го елиминираше Германецот Јан Ленард Штруф и си го обезбеди местото меѓу најдобрите осум на годинешниот САД Опен. Ѓоковиќ започна фуриозно и ги освои првите четири гема за само околу 15 минути игра, навестувајќи дека нема намера да му дозволи на Штруф ниту најмала шанса.

Фото: US Open Tennis Championships Ѓоковиќ по пласманот во четвртфиналето: Не знам уште колку долго ќе играм тука Новак Ѓоковиќ за помалку од два часа на теренот во осминафиналето на САД Опен го совлада Германецот, Јан Ленард Штруф и така обезбеди место помеѓу најдобите осум на турнирот. По победата Ѓоковиќ беше рспложен, но и призна дека и самиот не знае уште колку долго ќе може да игра на највисоко ниво.

36 (2) ■ спорт > фудбал ■ 31-Aug 13:28 -> 31-Aug 21:26
.
53 (3) ■ спорт > фудбал ■ 30-Aug 12:22 -> 31-Aug 16:47
.

Mиовски дебитираше за Ренџерс во најголемото шкотско дерби
Слободен Печат

Фото: Rangers FC/X Mиовски дебитираше за Ренџерс во најголемото шкотско дерби Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го запиша својот прв настап за шкотскиот гигант Ренџерс и тоа веднаш во најжешкото дерби на шкотскиот фудбал, дуелот со големиот ривал Селтик кој заврши без победник, 0-0. Откако во саботата официјално ја комплетираше позајмицата од шпанска Жирона, Миовски доби шанса од првата минута, тренерот Расел Мартин, не чекаше долго за да му укаже доверба на македонскиотголгетер. На теренот Миовски беше до 72. минута кога на негово место влезе Десерс.

Фото: Rangers FC ФОТО: Први фотографии од Миовски во боите на Ренџерс Македонскиот напаѓач Бојан Миовски денеска и официјално стана нов фудбалер на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс, а веднаш потоа и го одработи првиот тренинг со новиот. Миовски пристигна во Глазгов, каде што се запозна со новите соиграчи и стручниот штаб, по што веднаш започна со работа под водство на тренерот Расел Мартин.

67 (2) ■ спорт ■ 30-Aug 17:15 -> 31-Aug 08:07
.

Челси го запре трансферот, но Џексон не сака да го напушти Минхен!
Спорт1

78 (2) ■ спорт ■ 30-Aug 07:07 -> 30-Aug 07:55
.

Ѓоковиќ со еден загубен сет го мина Нори за осминафинале на УС Опен!
Спорт1

Новак Ѓоковиќ одигра уште една одлична партија иако загуби еден сет 3-1 (6-4, 6-7, 6-2 и 6-3), српскиот тенисер ја имаше контролата на мечот против Камерон Нори и релативно лесно го доби мечот. Новак Ѓоковиќ ја мина и третата пречка на УС Опен и се пласира во осминафиналето на американскиот грен-слем турнир.

фото: EPA-EFE/CYRIL ZINGARO Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Стана најстариот тенисер кој ќе игра осминафинале на САД Опен Новак Ѓоковиќ остана во трката за 25. грен-слем трофеј, откако во четвртото коло на САД Опен го совлада Британецот Камерон Нори со 3-1 во сетови (6-4, 6-7, 6-2, 6-3). Со оваа победа, 38-годишниот српскиот тенисер испиша уште една страница во тениската историја, стана највозрасниот тенисер што стигнал до осминафинале на овој турнир по легендарниот Џими Конорс во 1991 година. Ѓоковиќ, веќе апсолутен рекордер со 24 грен-слем титули и дури 395 победи на најголемите турнири, сега урна уште една граница и го надмина Роџер Федерер станувајќи тенисер со најмногу победи на тврда подлога на грен-слемовите, вкупно 192.

Магазин

31 (2) ■ магазин > здравје ■ 31-Aug 15:47 -> 01-Sep 09:48
.

Чибишев: Не гаснете пожари без заштита, отровните гасови убиваат без предупредување
Слободен Печат