Египетскиот интернационалец Мохамед Салах се искачи на третото место на листата на најдобри стрелци на Ливерпул на сите времиња.
Ливерпул е се поблиску до титулата во Премиерлигата, откако оствари нова победа над Саутемптон со 3-1. Попладнево на „Енфилд“ по негативата од 1-0 на полувремето, со три гола „црвените“ успеаја да дојдат до нова победа, и уште повеќе да се оддалечат од Манчестер Сити, кој беше поразен од Нотингем Форест.