Римската волчица со еден од најбрзите голови дојде до трите бода од гостувањето кај Емполи победувајќи со 1-0. Мечот стартуваше неверојатно, гостите уште во првата акција победија, течеше 22. секунда кога Суле ја смести топката во мрежата на Емполи.
Фудбалерите на Рома ја запишаа и петата победа во низа во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Емполи со минимални 0-1 во меч од 28. коло од италијанската Серија А. Клучниот момент во мечот се случи уште на самиот старт кога Соуле постигна гол за 0-1 кој на крајот се покажа како доволен за конечен триумф на „римската волчица“.