Само три дена по исцрпувачкиот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико, кој Реал го мина по 120 минути игра и пенали, актуелниот шампион на Шпанија мора да продолжи со борбата за одбрана на домашната титула, и тоа на тешко гостување.
Последниот пенал за Реал Мадрид го изведе Антонио Ридигер иако многумина сметаа дека Ендрик ќе биде тој што ќе шутира.