Реал Мадрид се уште има шанси за тројна круна оваа сезона бидејќи на нешто повеќе од два месеца пред нејзиниот крај, во игра е во сите три натпреварувања во кои учествува.
Само три дена по исцрпувачкиот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико, кој Реал го мина по 120 минути игра и пенали, актуелниот шампион на Шпанија мора да продолжи со борбата за одбрана на домашната титула, и тоа на тешко гостување.