Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) доби нов претседател во следниот четиригодишен мандат.
Непланското работење и трошење на расположливите средства довело до тоа Фудбалската федерација на Македонија да биде во минус од милион евра, изјави новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, во своето обраќање пред делегатите и присутните на редновото генерално собрание.
Масар Омерагиќ доби едногласна доверба со акламација да го води македонскиот фудбал во следните четири години на денешното редовно собрание на Фудбалската федерација на Македонија.