Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) вчера ги откажа сите настани во земјата поради трагедијата во Кочани.
Фудбалската федерација на Македонија, информира дека по повод огромната трагедија во Кочани, медиумските активности на фудбалерите на репрезентацијата на Македонија ќе бидат сведени на минимум пред почетокот на квалификациите за пласман на Светското првенство, а ќе бидат одложени и двата пријателски натпревари на репрезентацјиата до 16 години против Естонија.