Раководството на Пелистер покажа хуманост и големо срце со одлуката сите приходи од влезниците за следното дерби што ќе се игра во Битола против Вардар ќе бидат наменети за семејствата на жртвите во страшната трагедија во дискотеката во Кочани.
Битолчани денеска објавија дека цената на билетите ќе изнесува 200 денари, а сите пари потоа ќе бидат испратени кон семејствата на починатите.
Управата на македонскиот прволигаш ја информира јавноста дека сите средства собрани од продажба на билети за натпреварот против во ќе бидат донирани на семејствата на загинатите и повредените во страшната трагедија во Кочани. Gol
„Вечното дерби“ во македонскиот фудбал меѓу и ќе се игра во сабота, целото коло од Првата македонска фудбалска лига ( ) е поместено ден порано заради празникот Рамазан Бајрам.
Иако имаше простор дуелот на „Петар Милошевски“ да се игра во ноќен термин, од Пелистер потврдија дека терминот ќе биде дневен. Gol
„ФК Пелистер ја известува јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани.
Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција“, велат од ФК Пелистер Битола. Netpress
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Македонската фудбалска репрезентација го започнува новиот циклус мундијалски квалификации со утрешното гостување во Лихтенштајн, каде што ќе настапи со речиси ист состав од последното издание на Лигата на нации.
Македонската репрезентација денеска ја одржа официјалната прес-конференција пред утрешниот натпревар, а покрај селекторот Благоја Милевски присуствуваше и капитенот Енис Барди.
Репрезентацијата на Македонија до 21 година претрпе пораз од соодветната селекција на Белорусија (3-1) на тестот во Анталија.
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година забележа пораз од Белорусија од 3-1 во деби натпреварот на Горан Станиќ како селектор на националниот тим.
Данскиот фудбалски репрезентативец Расмус Хојлунд изјави денеска дека не сака да се потсмева на својот идол Кристијано Роналдо, откако го прослави победничкиот гол против Португалија во четвртфиналето на Лигата на нации на ист начин како што тоа го прави португалската ѕвезда.
Данска синоќа славеше со минимална победа против селекцијата на Португалија во првиот натпревар од плејофот на Лигата на нации.
Петкратниот светски првак Бразил направи огромен чекор кон пласманот на Мундијалот откако ноќеска на домашен терен ја совлада Колумбија со 2-1. Играчите на Барса и Реал ги постигнаа головите за „кариоките“, но особено значаен беше оној на Винисиус, постигнат во деветтата минута од судиското продолжение.
Бразилците сменија неколку селектори и се уште со големи напори стигнуваат до триумфи на патот во квалификациите за Светско првенство 2026.
Топло време и пролетни температури ги дочекаа нашите репрезентативци во Швајцарија и Лихтенштајн.
ЕКИПА во Вадуц Горан Бошев Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, пред мечот со Лихтенштајн ги искажа своите очекувања од првиот натпревар во квалификациите за пласман на Светското пренството 2026 година во Канада, САД и Мексико.