Шпанскиот прволигаш Жирона со емотивна порака се обрати на македонски јазик, посветувајќи му ја на својот напаѓач, Бојан Миовски, по натпреварот против Лихтенштајн (3-0). Нашиот најдобар стрелец“, напишаа од шпанскиот клуб, споделувајќи фотографија од Миовски, кој својот погодок не го прослави, туку го посвети на жртвите од трагичниот пожар во Кочани.
Македонија денеска го победи Лихтенштајн со 3:0 во квалфификациите за Светското првенство, а по натпреварот Бојан Миовски откри и дека теренот не бил во најдобра состојба.