Селекторот Благоја Милевски, како гостин во првата епизода од новиот спортски подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА, во разговор со македонската фудбалска легенда Дарко Панчев и новинарот на ЕКИПА, Горан Бошев, ги сподели очекувањата од новиот квалификациски циклус за пласман на Светското првенство 2026 и денешниот натпревар против Лихтенштајн во Вадуц.
ЕКИПА во Вадуц Горан Бошев Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски, пред мечот со Лихтенштајн ги искажа своите очекувања од првиот натпревар во квалификациите за пласман на Светското пренството 2026 година во Канада, САД и Мексико.