ЕКИПА во Вадуц Горан Бошев Македонската фудбалска репрезентација, како што и беше најавено, со маички во спомен на трагедијата во Кочани, излезе на загревање на теренот на стадионот „Рајнпарк“ во Вадуц, каде што од 15:00 часот ќе го игра квалификацискиот натпревар од 1. коло за пласман на СП 2026.
Многу емотивни лица на репрезентативците пред денешниот дуел, но и покрај тажните мигови, најавуваат безпоштедна борба, максимум на терен и победа во Вадуц.