Групацијата која е сопственик на Леон е ко-сопственик на уште еден мексикански клуб Пачука, па само еден од нив може да учествува на новоформираното натпреварување на ФИФА.
Прв на ова алармираше костариканскиот прволигаш Алахуеленсе, уште пред да бидат одредени учесниците на Светското првенство, но сугестијата на овој клуб не беше земена предвид и Леон се најде на списокот, како освојувач на КОНКАКАФ Лигата на шампионите за 2023 година. Sport1