Бразилскиот голман од редовите на Ливерпул, Алисон Бекер, доживеа незгодна повреда на главата на натпреварот против Колумбија во мундијалските квалификации, што автоматски значи дека ќе го пропушти мега-дербито со Аргентина, кое е закажано за 26 март.
Англиските медиуми објавија дека голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, се врати во клубот откако прими незгоден удар во глава бранејќи го голот на репрезентацијата на Бразил.