Фудбалската репрезентација на Македонија ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Вадуц и на одличен начин го отвори настапот во квалификациите за Светското првенство, славејќи убедливо над Лихтенштајн со резултат 0-3. Конечниот резултат го постави Бојан Миовски, откако мајсторски ја искористи фантастичната асистенција со надворешен ефе на младиот бек Бојан Илиевски. Sportski