Ханси Флик воспостави одлична атмосфера во соблекувалната на Барселона и решен е да ја одржи, без оглед на се. Поради тоа, не дозволува никој да го наруши тоа што успеал да постигне, поради што веќе отфрли еден од стартните играчи и му даде до знаење дека за него повеќе нема место во каталонскиот клуб.
Шпанските медиуми наведуваат дека тоа е случајот со Инаки Пена, кој беше прв голман на Барселона по повредата на Марк-Андре тер Штеген, но во јануари се се смени и овој голман тотално „исчезна“.