Почитувани граѓани, почитувани медиуми, РЕК Битола веќе неколку дена е во колапс заради криминалните зделки и тендери на ВМРО-ДПМНЕ.
Најголемиот државен производител на струја – РЕК Битола, веќе втор ден производствено е „мртов“, откако вчерашниот сомнителен пожар во близина на ормарот за електронско управување, автоматски го исфрли од системот Блокот 2, а кој беше единствениот што е во погон.
Техно Коп Плус ДООЕЛ Битола е избрана за компанија за технолошко чистење, откако ги исполнила сите наведени критериуми по јавниот повик.